ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осуден во „Монструм“ не сака амнестија, туку правда во Стразбур

Иако неговото евентуално помилување со предложениот закон за амнестија предизвика бурни реакции, Фејзи Азири, осуден на 15 години затвор во случајот „Монструм“, во интервју за Алсат изјави дека не сака амнестија, туку расчистување на случајот и правда.

Advertisements

„Не ме интересира законот за амнестија, не сум побарал и нема да барам. Не барам амнестија, барам само правда. Не ми е гајле што се случува со тој закон и кој го предложил. Тоа е за затворениците. Мене не ме интересира амнестија“, рече Азири.

ВМРО-ДПМНЕ не го менува ставот и почна со подготовки да го блокира законот.

Првиот човек на Движењето Беса, Биљал Касами, пред неколку дена изјави дека нема да го поддржат предлогот во оваа форма, но денеска пратеникот на оваа партија Фадил Зендели изјави дека конечниот став на опозицискиот блок ќе се знае откако ќе се добие материјалот и ќе се разгледа неговата содржина. Според Зендели, општо убедување е дека зад законот се кријат политички цели.

„Општо убедување е дека овој закон е направен за политички потреби на власта, дека тука има интереси на власта, тоа не е спорно. Но, на крајот се работи за луѓе осудени со правосилни одлуки, се работи за човечки судбини и понекогаш треба да имаме разбирање, но никогаш разбирање за криминалот и корупцијата. Правиме анализа и тогаш кога ќе почне дебатата, ќе имаме конечен став“, вели Зендели.

СДСМ останува на ставот дека сè ако законот опфаќа и лица осудени во чувствителни судски предмети, ќе предложат амандмани. Социјалдемократите тврдат дека целта на законот е да се намали бројот на осуденици во затворите.

Алијанса за Албанците оценува дека тоа е итна потреба и според нив, опозицијата постапува неправедно со најавите за блокада. Пред неколку дена до Собранието беше доставен Предлог-законот за амнестија. Тој предвидува целосна амнестија за лицата осудени на казна затвор до 6 месеци, а 30 отсто намалување за лицата осудени на повеќе години затвор. Законот јасно ги дефинира кривичните дела кои не се амнестираат, додека Управата за извршување санкции сè уште нема оценето кој ќе има корист од амнестијата. Во случај законот да биде донесен, целосна амнестија ќе добијат 286 лица, а делумна уште 966.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button