Осуденици од затворот тајно оделе дома и на приватни локации, а сето тоа им било овозможено од осум вработени во затворот „Шутка“
Осуденици од затворот тајно оделе дома и на приватни локации, а сето тоа им било овозможено од осум вработени во затворот „Шутка“

Осум лица вработени во затворот Скопје во Шуто Оризари се соочуваат со обвиненија за сериозни злоупотреби на службената положба. Во центарот на случајот е Филип Андов Сокол, поранешниот директор на затворот, за кого во поднесениот обвинителен предлог, стои дека заедно со двајца полициски службеници сториле продолжено кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“, додека петмина други затворски полицајци се гонат за „Несовесно работење во службата“.
“Осомничените во период од март до јули 2024, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале. Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа”, велат од Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Оваа постапка следува по полициската акција од 20 февруари годинава, кога МВР приведе десет лица по извршени контроли на Управата за извршување санкции. Тогаш, покрај Андов, беше уапсен и затворски полицаец, под сомнение за овозможување бегство на лице лишено од слобода. Тогаш Кривичен определи мерки за претпазливост за сите десетмина, додека за две лица постапката беше прекината поради недостаток на докази./Алсат.мк
Михаило Донев