ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осуди од македонска страна за нападот врз болницата во Газа

Осуда за нападот врз болницата во Газа утринава стигна од министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и од дел од албанските опозициски партии. Османи на Фејсбук порача дека сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат.

Advertisements

„Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“, порача шефот на македонската дипломатија преку својот фејсбук-профил.

Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, го осуди, како што напиша, нападот на Израел врз болница во Појасот Газа оценувајќи го како геноцид. Касами побара меѓународна истрага.

„Злосторство e нападот врз болница во Газа од страна на државата Израел, во кој загинаа над 500 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. Изразуваме осуда и бараме итно меѓународна истрага бидејќи станував збор за чист геноцид!“, напиша Касами на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button