СПОРТФУДБАЛ

Oсум прволигашки екипи, по дождливото време, ќе се борат за полуфинале

Во 13 часот се играат четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија, каде осум прволигашки екипи, по дождливото време, ќе се борат за четирите места кои ќе останат. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Македонија Ѓорче Петров го пречекува Силекс кој пред две години се радуваше на трофејот од ова натпреварување.

Advertisements

Дербито е во Маџари каде Работнички ќе го пречека Шкупи. Овие два тима неодамна имаа дуел во првенството кој го добија чаирчани со убедливи 3-0. Во Штип Брегалница ќе ја пречека Воска. Штипјани се во лоша форма, а гостите од Охрид не знаат за пораз на последните пет меча во сите натпреварувања. Интересна се очекува да биде и борбата во Кавадарци каде силите ќе ги одмерат Тиквеш и Брера Струмица./Sport1/

Куп на Македонија, четвртфинале:

Македонија ЃП – Силекс

Работнички – Шкупи

Брегалница – Воска

Тиквеш – Брера

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button