ВЕСТИРЕГИОН

Осум загинати во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека осум тела се извлечени од под настрешницата што се урна на железничката станица во Нови Сад, пренесува РТС.

Според него, спасувачката акција е во тек, а спасувачките екипи имаат контакт со две лица кои останале затрупани под урнатините.

Во болницата се хоспитализирани две лица, од кои едното е во многу тешка состојба откако му биле ампутирани нозете.

Според министерот Дачиќ, ова е голема трагедија и спасувачката акција се одвива во многу тешки услови.

Извор: РТС

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button