ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осумгодишно дете почина по напад од домашно куче, трагедија во Пинтија

Осумгодишно дете од Скопје синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Според објави во дел од медиумите, настанот се случил во скопската населба Пинтија во Општина Кисела Вода.

По нападот, детето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите.

„На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н.Г.“, велат од МВР.

За несреќата е известен јавен обвинител, а телото на осумгодишникот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button