ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Освен Крмзов обезбедени уште две лица – ОЈО за утре најави брифинг за случајот

Полицијата освен бизнисменот Ристо Крмзов, обезбедила уште две лица во врска со истрагата за злоупотреби и затајување данок, кои се проценуваат дека достигнале околу 15 милиони евра.
-Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица, наведуваат од Обвинителството.
За кривичните дела и дејствијата, Обвинителството најавува брифинг за утре во 11:00 часот во Конференциската сала на ОЈО ГОКК.
Полицијата изутринава го потврди апсењето на бизнисменот, кое било извршено по налог на ОЈО ГОКК.