ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Отфрлени мерките на ВМРО за цени

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нови мерки против поскапувањата не го помина првиот филтер во Собранието. Гласовите на опозициската партија не беа доволни да се изгласа потребата од намалување на акцизата за 50%.
Од оваа партија велат дека намалувањето од 50 отсто ќе влијае на намалување на расходите за земјоделски производи но и на буџетот на граѓаните. Според нив, оваа мерка била многу подобра од онаа на СДСМ, со која горивата се намалени за 30%.
„Владата денеска го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите за 50%, со што би се намалила цената на дизелот за 9 денари по литар а на бензините за 13 денари за литар“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук заменик- претседателот на оваа партија, Владо Мисајловски. /Алсат.мк