Откако маските станаа задолжителни на отворено, полицијата во Тетово ги зголеми контролите

„Влегувањето во сила на новата регулатива за носење маски на отворени места, денеска ги зголеми контролите на СВР на улиците“.
Мета на полицијата денеска беа тие кои не ги почитуваат мерките, поточно оние кои не носеа маски на отворено. Екипата на Алсат телевизија внимателно ја следеше акцијата на СВР – Тетово. Казните беа бројни, особено против возачите.
„Ми рекоа дека немаш маска, но како што гледате, имам“.
Дали имавте додека возевте?
„Ја имав, но на рака“.
„Доаѓам од нива, не носам маска.“
„Јас сум имунизиран од зимоска, имав ковид, сега не ми треба маска“.
За разлика од возачите кои во автомобил не носеа маски иако имаше други лица кои не се од исто семејство, минувачите беа подисциплинирани.
Во аптеките велат дека одлуката да се носи маската на отворено ја зголемила побарувачката.
„Побарувачката е зголемена, но цените паднаа како порано“.
Полицијата предупредува на зголемени контроли во наредните денови. Секторот за внатрешни работи Тетово апелираше за почитување на мерките против Ковид 19.
Bashkim Sulejmani