
Откако вчера актуелниот премиер и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во врати мандатот за формирање влада во Грција, според уставните процедури, претседателката Катерина Сакеларопулу денеска треба да го додели на второпласираната Сириза на Алексис Ципрас.
Сириза освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник за формирање Влада.
Веројатно е дека и Ципрас брзо ќе ѝ го врати мандатот на Сакеларопулу или воопшто нема ни да го прими, па така следна ќе биде третата партија односно ПАСОК – Движење на промена.
Откако ќе заврши циклусот со доделување на мандатот на првите три партии, предвидено е претседателката на Грција или да свика лидерска средба или да разговара со претседателите на сите партии за последен обид за формирање влада и доколку тоа е без резултат, следниот чекор е формирање службена влада со една единствена цел да ја одведе земјата на нови избори.