ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Откако се појави решението, политичката пропагандна кампања почна да ги краде заслугите за училиштето во Нерово

Откако се појави решението, политичката пропагандна кампања почна да ги краде заслугите за училиштето во Нерово

Зад оваа врата, учат учениците од прво одделение од селото Норово, Крушевско…
Беше 26 ноември 2023 година кога АЛСАТ првпат го покрена прашањето за училиштето во Норово, за тешките услови за учење, во објект кој немаше ниту доволно училници за учениците, а камоли други наставни помагала, а дополнителен проблем беа зимските услови в (вест 26 ноември 2023 година)….Во овие жални услови во ова основно училиште, 120 ученици од ова село учат од прво до деветто одделение. Отежмнителна околност беше и недостатокот на дел од учебниците…

Advertisements

„Освен креда, немаме паметни табли, немаме ни соодветни кабинети, освен креда немаме ништо друго!“, речеше Митат Рустеми, наставник во 2023.

АЛСАТ ја следеше ситуацијата во ова училиште во 2024 година, но тогашната влада, со ДУИ на власт и нејзиниот министер за образование, немаше политичка волја за решение.

Во мај 2025 година, АЛСАТ повторно известуваше за проблемот но и за новонастанатата ситуација кога самите жители се здружија за да изградат нова зграда. Бидејќи старата зграда 7 децении беше без дозвола, жителите се спротивставија на апатијата на државата. Алсат посвети серија прилози од терен и интервјуа со жители, вклучително и политичките актери, за да се најде решение.

„Пред изборите, сите секогаш доаѓаа и ветуваа. Бараа гласови и си заминаа? Да, никогаш ништо не е направено, никакво минимално движење за кое ние како жители можеме да се надеваме дека ќе биде изградено од државата или државните институции“, рече Дашмир Јусуфи, жител на Нерово.

Од опозиција, ДУИ и членовите на опозицискиот Европски фронт, се разбудија и излегоа на терен како загрижени за ситуацијата.

Пред неколку дена, решението беше постигнато и се отвори можност Општина Крушево да преземе законски и административни мерки за понатамошна легализација на училишните згради.
Според одлуката на Владата, прво парцелата на која се наоѓаат двете училишни згради е вклучена во урбанистичкиот план. Потоа таа станува сопственост на Општина Крушево. После ова, се одвива легализацијата на двете згради. По завршувањето на процедурите за легализација, Министерството за образование, заедно со родителите и учениците, ќе ја разгледа најдобрата опција за тоа како да се организира образовниот процес.

Додека АЛСАТ го презентираше ова решение пред неколку дена, посетата на албанскиот амбасадор беше искористена од ДУИ за да прикаже како амбасадорот да интервенирал за да се најде решение, дури и застанувајќи во одбрана на Денион Мејдани, кога граѓаните и го исмеваа за тоа што си земал заслуги.
На социјалните мрежи имаше жестоки судири, и поделби по политички табори.

Амбасадорот напиша на пост „Ве сакам“, по што следуваа коментари во кои ДУИ му оддаваше заслуга, а други го обвинија за мешање и политички маневри за поддршка на опозицијата. Тој беше наречен гавран наместо орел, и беше критикуван дека неговите зборови „Те сакам“ ги упатил кон ДУИ, а не на Албанците. Албанскиот амбасадор присуствуваше на низа собири на ДУИ, на средбите на лидерите на Тирана со кандидатите на ДУИ за локалните избори, како што и самиот Еди Рама му делеше титули на лидерот на ДУИ Ахмети сред изборна кампања.

Прашањето со училиштето во Нерово се чини дека се движи кон решение. Владата, со својата најнова одлука, ја обврза Општина Крушево да преземе сите мерки за легализирање на училишните згради.

На 2 јули, АЛСАТ продолжи со своите известувања, без потреба од заслуги, туку професионално вршејќи ја својата работа – за разлика од политичките партии и нивните новинарски клики./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button