
Тихоокеанската флота на Русија, во заливот Петар Велики откри подморница од класата „Малјутка“ која потона за време на Втората светска војна, јавува прес-службата на флотата.
„По долготрајна потрага на силите на Тихоокеанската флота, со активна поддршка на ветеранските организации на подморници, во заливот Петар Велики е откриена подморница од класата „Малјутка“, која потона за време на Втората светска војна“, се наведува во соопштението.
Како што е наведено, пронајдена е дизелската подморница М-49, со која е изгубен контактот на 16 август 1941 година. Тогаш заедно со подморницата потонал и екипажот од 22 лица.
Утврдено е дека по големина, форма и вооружување одговара на параметрите на подморница од „мала“ класа, наведуваат истражувачите.
Потрагата по изгубени подморници започна пред дваесет години.
Заливот Петар Велики е најголемиот залив во Јапонското Море во близина на рускиот брег.