ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Откриени маскираните кои нападнаа две момчиња во Куманово

Полицијата го реши случајот со нападот на двете момчиња од страна на 15 маскирани лица вчера во Куманово. Неофицијално Алсат дознава дека биле откриени сите членови на групата и биле повикани на информативен разговор во полициска станица. Станува збор за жители на различни делови на Куманово за кои постојат информации дека се членови на тамошна позната навивачка група. Според информациите, тие признале дека учествувале во нападот врз двајцата млади Албанци. Засега не се знае мотивот за тоа, ниту пак за евентуалните мерки од полицијата.