
Откриени се сериозни неправилноси во Агенцијата за управувањето со одземен имот и средствата добиени од продажба на одземениот имот, објави Државниот завод за ревизија.
Ревизорите откриле серија неправилности во работењето на Агенцијата, таа не спровела соодведна внатрешна котрола, со што го оштетила државниот буџет за над 7 милиони евра.
Според податоците од 2011 до 2024 година од вкупно остварените приходи од продажба на одземениот имот пријавени се 26.83 милијарди евра, а биле уплатени само 19.59 милијарди евра. Односно, над седум милиони евра не биле уплатени во државната каса.
Државен завод за ревизија:
Анализата на остварените приходи од продажба на одземен имот и уплатените средства во Буџетот на државата реализирани од Агенцијата во период од 2011 до 30 септември 2024 година упатуваат дека од остварените вкупни приходи во износ од 1,650 милијарди денари, во Буџетот на државата уплатени се 1,205 милијарди денари односно уплатени се помалку средства од 445 милиони денари.
Во однос на управувањето со одземениот имот, ревизорите откриле дека Агенцијата не постапува согласно начелата на законитост, економичност, ефикасност, транспарентност, постапување со внимание на добар домаќин, одговорност, стручност, професионалност и ажурност.
Државен завод за ревизија:
„Истакнуваме дека Агенцијата не постапува во согласност со законитоста, економичноста, ефикасноста и транспарентноста при управувањето со одземениот имот. Подзаконските акти кои го уредуваат начинот на постапување со одземениот имот не се објавени во Службен весник, а иако се објавени на веб страната на Агенцијата, тие не содржат архивски број, датум на донесување и потпис од претседателот на Управниот одбор како потврда за нивната валидност.“
За надминување на сите овие проблеми ревизорите препорачуваат:
Понатамошно усогласување на законската рамка со потребите за процена на одземениот имот и за обука на вработените. Пополнување на работните места со квалификуван персонал. Техничка надоградба на софтверските решенија кои ги користи Агенцијата. Јасна и транспарентна евиденција за сите одземени предмети, со соодветна процена на нивната вредност.
Реформирање на постапките за продажба на одземен имот и обезбедување на комплетна документација за сите расходи и трансакции.
Ангел Димовски