МАКЕДОНИЈА
Откриени половина милион фалсификувани долари

Нешто пред 2 часот по полноќ полицијата уапсила тројца граѓани под сомнение дека користеле фалсификувани пари. Изворите велат дека се работи за најмалку половина милион американски долари, додека се сомнева дека истата сума пари веќе подолго време е во оптек. При апсењето во автомобилот на осомничените била пронајдена експлозивна направа од типот Ц4. Пронајдени се и значителни количини дрога.