ЗАБАВА

Откријте какви се луѓето околу вас, според нивниот ракопис


За луѓето можеме многу да дознаеме преку нивниот ракопис. Анализа на ракописот или графолигија е наука засонована врз начинот на кој пишуваме.

Анализата на луѓето врз ракописот може да биде корисно во многу сегменти во животот. Така може многу да дознаеме за партнерот, пријателите, членовите на семејството, па и за нас самите.

Ракописот може да ни ги открие желбите, креативноста, енергијата, стравовите, снагата, сексуалната стабилност, салбостите кај луѓето и многу друго.

Како да го направите тоа?

Аголот на кој пишува личноста може многу да каже за емоционалната состојба.

  • Надесно, укажува на цврсти ставови, самодоверба, повремена нечувствителност, друштвеност, нетактичност и позитивен поглед на животот.
  • Налево, луѓе кои се пријатни во друштво, но знаат да ги кријат чувствата. Проблеми од раното детство кај силни личност кои добро ќе промислат пред да изреагираат.
  • Право, асоцира на човек чие однесување е наметнато, глумец кој ги крие чувствата, не се импулсивни, прибрани се и постојани.
  •  На сите страни, дволична личност, со тешкотии при донесување на одлуки, често менуваат мислења и се непредвидливи.

Поврзаност на буквите

  • Ако се поврзани, тоа укажува на логично и концизно размислување, искуство и јаснотија во изразувањето.
  • Неповрзаност, укажува на силна интуиција, oригинално размислување, импулсивност и креативност.

Потпис

  • Потписот каде секоја буква е читлива, големите букви се неколку пати поголеми од малите, а цртките на буквите се насочени кон нагоре асоцираат на: самоуверена, отворена, оптимистична, комуникативна, пријателски насторена личност.
  • Ако името е нечитливо, личноста може многу да крие за својот идентитет.
  • Ако презимето е нечитливо, личноста може да го крие својот идентитет во работата или формалниот свет.
  • Ако се нејасни името и презимето, личноста може да се срами од своето име.
  • Ако првите букви од името и презимето се мали, асоцира на недостаток од самодоверба.
  • Доколку се драстично поголеми првите букви од другите, личноста е премногу самоуверена и сака да доминира.

Ова се само неколку и општи поделби при анализа на ракописот. Но, ова е многу комплексна наука и доколку се решите да го тестирате на вашите блиски, ви препорачуваме тоа да биде само заради забава.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button