Отпадот во Полог не завршува на депонија, туку на полињата и во планина
Отпадот во Полог не завршува на депонија, туку на полињата и во планина

Деветте општини од полошкиот регион потфрлија во борбата против загадувањето на животната средина. Иако во Полог има голем број индустриски капацитети, нивниот отпад не завршува на депонијата во Русино, туку на полињата и во Националниот парк. Со тоа се намалува и ликвидноста на заедничкото претпријатие Русино, вели неговиот директор Бесим Догани. Заедно со Министерството за екологија пробале да се зголемат капацитетите на еколошките инспектори или да се формира заедничко тело од инспектори од деветте општини за борба против оваа појава.
„Од целиот Полошки регион само два индустриски капацитети ни носат отпад. На заедничката средба со раководителите на општините и министерството се појавија неколку идеи, како што е создавање на заедничко инспекциско тело за Полошкиот регион каде би учествувале повеќе инспектори од општините и заедно ќе вршиме увид. Но, тоа не успеа затоа што повеќето општини се пожалија на недостиг на инспектори за животна средина“, рече Бесим Догани. директор на ЈКП „Русино“.
Од вкупно девет општини во Полог, барањето за заедничко тело го прифатила само општина Тетово, иако нема инспектори. Од оваа локална власт велат дека проблемот е последица на пречките од централната власт.
„Ние како општина ангажиравме инспектор според планот, но сега тоа веќе не е можно поради пречките од централната власт. Но и покрај пречките што ги имаме, продолжуваме да го подобруваме прашањето на инспекторатот. Знаејќи го фактот дека нашата општина расте по население и станбена површина, тешко е само со овие инспектори, но веруваме дека со текот на времето ќе имаме повеќе професионални кадри во областа на животната средина“, изјави Бесарта Рамадани, Портпаролка на општина Тетово.
Директорот на Националниот парк „Шар планина“ вели дека во отсуство на редовни контроли, отпадот завршува низ шумите и полињата, па апелира на поголема соработка со општините.
„На планината Шара има депонии на кои на одредени места има дневен отпад, урбан отпад и индустриски отпад од разни салони за мебел. Поради тоа имавме средба со Министерството за животна средина за преземање мерки за отстранување на депониите. Имаше акција, но проблем е што и понатаму се продолжува со истото како и досега. Зошто се случува тоа? Во некои случаи ѓубрето во депониите со урбан отпад од градот се фрла таму“, рече Ибрахим Дехари. директор на Националниот парк „Шар планина“.
Инаку, пред една година Алсат извести дека е формирана џиновска дива депонија на нивите во општина Врапчиште, по што инспекторатот за екологија, полицијата и општината презедоа мерки. Но, потоа продолжи. Индустрискиот отпад почна низ Шара да се трупа ноќе, а во многу случаи и намерно се пали за да не биде откриено кој фрла./Алсат.мк
Башким Сулејмани