Отпушените од Комунална хигиена чекаат позтитвна одлука од новиот директор

„Надежта последна умира“. Вака постојано шепотат дел од работниците на комунална хигиена кои пред три месеци беа отпуштени од работа, од поранешниот прв човек на оваа институција, Косана Мазнева. За нивното враќање на работа се надеваат дека ќе им помогне новиот директор Гоце Трајковски. Контактиравме со Трајковски, но не добивме одговор да појасниме како ќе се постапува со отпуштените вработени. Додека се чека одлука, позитивна или негативна, отпуштените бараат различни работи за да озбедат егзистенција на членовите на семејството.
„Имаме надеж дека новиот директор ќе не врати. 24/7 бевме на работа и сепак на крајот не отпушти. Со 20 или 25 илјади денари можеш да издржуваш семејство? Ако немап и втора работа, не можеш, без да илезеш да товариш или да растовариш нешто, не можеш да излезеш на крај. Еден член од семејството, четири деца, не може со една плата, со 20 илјади денари“, вели Фатмир Ганији, вработен.
Од друга страна, Стојанче Кашиковски, раководител на Синдикатот, во кој членува и синдикалната организација на комунална хигиена, за Алсат изјави дека ќе ги искористи сите законски мерки и дека е 100% сигурен дека отпуштените вработени ќе се вратат на работните места.
Државниот инспекторат за труд кон крајот на јули утврди дека 32 вработени во Комунална хигиена се отпуштени од работа незаконски и побара нивно итно враќање на работното место. На работа се вратени 7 вработени, а за 25 дурги продолжуваат процедурите. Поранешната директорка на КХ, Мазнева, го оправда разрешувањето со бројни злоупотреби.
Мелихате Рустеми