ВЕСТИЗДРАВСТВО

Отворен реновираниот Хируршки ургентен центар

Денеска беше отворен реновираниот Ургентен центар. Но, за време на свеченоста една пациентка побара помош, но болничкото осигурување не ѝ дозволи да се доближи. Оваа пациентка се жали дека не може да дојде на ред за клиничка здравствена услуга.

Целата оваа ситуација се случи додека директорот на Ургентниот центар се фалеше дека во текот на двете години од пандемијата успеале да ги реновираат просториите кои ги исполнуваат сите потреби на пациентите.

Од Министерството за здравство не прецизираат детали за изградбата на новиот Универзитетски клинички центар. Се додека тоа не се обезбедат финансии, министерот рече дека ќе се продолжи со реновирање и адаптација на сите болници. Што се однесува до реновираниот Ургентен хируршки центар, кој денеска беше пуштен во употреба, како што беше претставено на настанот, се работи за реконструкција на 400 квадратни метри на: приемното одделение, салата за реанимација, тријажниот центар, хируршката сала итн. За реконструкцијата се издвоени 8 милиони денари од државниот буџет, како и пари од донации.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button