ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Отворена постапка за утврдување одговорност кај Пајазити

Се отвара постапка за утврдување на одговорност кај судијата Пајазит Пајзити – одлуката ја донела Комисијата за утврдување на одговорност која вчера одлучувала по ова прашање по барање на  членот Александар Камбовски . Расправата која се одвивала зад затворени врати траела со часови и имало спротивставени ставови од страна на членовите на судскиот совет. На крајот сепак била донесена одлука да се поведе постапка за утврдување одговорност на судијата Пајазити.

Advertisements

Ова значи дека понатаму Комисијата ќе треба да закаже датум за одржување главна расправа, а потоа да изготви извештај за утврдување на фактичка состојба. Извештајот ќе треба да се достави до судскиот совет, што претставува и последната фаза од овој случај кога ќе се знае судбината на судијата Пајазити, – дали тој ќе биде разрешен од судиската функција, дали ќе му се изрече предупредување или пак парична глоба. Од Судскиот совет не одговорија на ниту од едно нашите прашања – ниту во врска со вчершаната седница, ниту за понатамошната постапка.

Барањето за одговорност од судијата Пајазити доаѓа откако пред два месеци судскиот совет утврди пропусти во неговото постапување во случајот со екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани. Советот констатираше дека токму судијата Пајазити ја заменил мерката ефективен притвор за Рамадани со домашен без да даде дополнителни објаснувања за причините и не го утврдил начинот на кој полицијата ќе го врши надзорот и на крај Рамадани побегна од државата. По оваа констатирана состојба во советот, членот на Судскиот совет Камбовски побара да се поведе дисциплинска постапка против Пајазити, но тогаш членовите на советот го отфрлија неговото барање.

Вчера неговото барање, беше прифатено. Покрај Камбовски, во Комисијата која ги утврди пропустите на Пајазити и треба да го води случајот до носењето на конечната одлука се и членовите Лорета Георгива и Мирсад Суроји. Мандатите на Георгиева и на Суроји во советот истекуваат на 18 декември, а од Судски досега не одговорија дали тие ќе биде заменети со друг членови ако дотогаш не биде донесена одлука од страна на Комисијата.. На главната расправа за барањето одговорност од судијата,можност за своја одбрана ќе има и самиот Пајазити кој ќе треба да биде присутен на седницата.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button