ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ова е бројот на нови случаи со Ковид-19

Од направени 5.604 тестови, регистрирани се 1.424 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број позитивни се регистрирани 214 реинфекции.
Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 1.083 оздравени пациенти и 15 починати.
Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.