ВЕСТИЗАБАВА

Ова е најголемата лименка кавијар на светот

Еден од првите хотели со седум ѕвездички, популарниот Бурџ ал Араб во Дубаи, е познат по својот екстравагантен стил.

Advertisements

Но, отсега ќе биде познат и како место што ќе мораат да го посетат сите што сакаат да уживаат во луксузот на кавијарот.

Тие се гордеат што на своите гости можат да им пружат единствени искуства за паметење, па едно од нив ќе биде и можноста да го пробаат AmStur, најфиниот кавијар на светот.

А за да ја започнат соработката на вистински начин, како што им доликува на двата луксузни бренда, тие урнале рекорд со што ќе бидат запишани во Гинисовата книга на рекорди. Од сега па натаму во Бурџ ал Араб ќе се наоѓа најголемата лименка со кавијар на светот.

„Горди сме што во партнерството со престижниот Бурџ Ал Араб учествувавме во овој необичен потфат, и возбудени сме што нашиот кавијар ќе им се служи на нивните гости“, истакна Николас Нарсавиџ од компанијата AmStur Caviar.

Оваа рекордно голема лименка содржи 17 килограми Емпрес кавијар, единствениот кавијар на светот којшто содржи 100% сертифицирани органски состојки. AmStur ја нарече оваа лименка Mashenomak, според една стара индиска легенда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button