ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ова е супер автомобилот што Владата му го подари на Заев

Владата на Северна Македонија со одлука му додели суперлуксузен автомобил на Зоран Заев, по неговата оставка и смена од премиерската функција.

Advertisements

Станува збор за автомобил „шкода суперб“ од 2021 година. Согласно измените на Законот за Влада направени во 2016 година, новопечениот премиер во оставка во овој случај Заев има право да го користи овој автомобил за период колку што беше задолжен за Владата.

Претходно, во 2020 година, кога Заев поднесе оставка при формирањето на техничката влада, му беше доделена „Фолксваген пасат лимузина“ од 2018 година со зафатнина на моторот од 2000 см3.

Владата минатото лето распиша тендер за 45 луксузни возила Шкода Суперб во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Автомобилите се „закупени“ со тоа што месечната рата за возило е 60 илјади денари со ДДВ, додека вкупната цена на автомобил достигнува околу 40 илјади евра.

На 17 јануари, истиот ден кога беше донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он рече дека нема да го искористи правото на жалба, ниту на автомобилот и возачот. Тој вели дека само делумно ќе го оствари своето право на безбедност и тоа ретко. Тој има право на шест телохранители, кои може да ги избере да ги има околу 24 часа на ден.

Ќе бидам вработен во семејни фирми, па ќе користам возило на една од фирмите, таму ќе земам плата, па нема да користам апанажа“, рече поранешниот премиер.

Во мај 2017 година, непосредно пред неговото заминување, Владата на Груевски му подари „Фолксваген Пасат 3ц“ произведен во 2015 година. На 19 октомври 2017 година, новата влада на Димитриев му подари службено возило „пасат“ од 2015 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button