ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ова се дел од трите предлози на Ковачевски до Мицкоски

Како што дознаваме од извори во Владата, дел од планот со три предлози што премиерот ќе ги стави на маса е партиите да застанат зад уставните измени и да ги изгласаат во Собранието и со тоа, нагласуваат нашите извори, заеднички да застанат зад европската иднина на земјата. Вториот предлог од планот на Ковачевски е веднаш по усвојувањето на уставните измени да се распишат предвремени парламентарни избори.

Ова, велат изворите од СДСМ, премиерот го предлага како компромисно решение, што би значело продолжување на европскиот пат и обединување околу стратегиските интереси, а истовремено му дава излез на Мицкоски, со оглед дека неговото клучно барање се изборите.
Дали и што би се прифатило и каков исход ќе има, се очекува да се дознае по завршувањето на лидерската средба, која околу 11 часот започна во Клубот на пратеници во Скопје.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button