ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ова се единствените датуми за двојни избори во земјава

Претседателот на Собранието Талат Џафери на средба со новинарите зборуваше за можните датуми на претседателските избори, како и за евентуалните рокови. Тој сподели три можни датуми за првиот и вториот круг.

Advertisements

„Инаугурацијата на претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година. Изборите се одржуваат во последните 60 дена од сегашниот мандат, последните 60 дена се помеѓу 14 март и 12 мај 2024 година. Изборите се одржуваат во два изборни круга: прв круг 14 март 2024 година; втор круг: најдоцна до 8 мај 2024 година“.

Изборите ги распишува претседателот на Собранието. Од денот на распишувањето на изборите до денот на гласањето, рокот е – не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена. Прв круг: ако се на 14 март, тогаш распишувањето на изборите мора да биде на 4 јануари 2024 година (минимум 70 дена)“.

„Втор круг: ако се подоцна од 8 мај (тогаш во овој случај првиот круг треба да биде на 24 април), објавувањето на изборите ќе треба да биде на 27 февруари, што обезбедува најмалку 70 дена до изборите.

Мицкоски досега инсистираше парламентарните избори да се одржат на 8 мај, заедно со вториот круг од претседателските избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button