ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ова се најголемите непријатели на Охридското езеро…

Ова се најголемите непријатели на Охридското езеро...

Во изминатите 23 години, откако 21 јуни се одбележува како ден на Охридското езеро, не е доволно направено за негова заштита, сметаат експертите. Дејан Пановски, еден од идејните творци на овој ден, вели дека езерото во целост тешко дека некогаш ќе биде заштитено бидејќи најголем проблем и понатаму е човечкиот фактор. Пред сè, станува збор за непланската урбанизација, која го загрозува брегот на езерото и на македонска и на албанска страна.

Advertisements

„Сè она што е узурпирано да се врати назад, сè она што е урбанизација како процес да се оддалечи од центарот на градот. Без тие два елементи не може да направиме еден посериозен напредок“, изјави Дејан Паноски, Основач на Денот на Охридско езеро.

Дивоградбите се национален и локален проблем, а за езерото дополнителен еколошки притисок врши и недовршениот колекторски систем за прочистување на отпадните води.

„И во планот за управување со Охридското езеро, рехабилитацијата на колекторскиот систем стои во голема ставкa како нешто што треба да се направи и базата на сето тоа треба да биде студијата за рехабилитација која е направена заедно со јапонската агенција Џајка во 2015 година…“, нагласи Дејан Паноски, Основач на Денот на Охридско езеро.

На албанска страна од езерото посебно се истакнува проблемот со големиот број на рудни јаловини кои се во близина на езерскиот брег. Кога има дождливи денови, нечистотиите се влеваат во езерото внесувајќи во него големи количини на загадувачки материи. Инаку, 21 јуни е земен како Ден на Охридското езеро како симбол од најдолгиот ден во годината.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button