ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оваа емисија се посветува на Исуф  Кадриу

Оваа емисија се посветува на Исуф  Кадриу

Оваа емисија се посветува на Исуф Кадриу, на нашиот Цуфо, како што го нарекувавме ние.
Јас сум сигурен дека Исуф е еден од великаните на новинарството, барем според моето гледиште. Јас колку што имам сознанија со луѓе од новинарството тука во Северна Македонија, немам зборови за да го опишам, не знам, можеби се уште не сум, како да кажам, свесен за да се уверам себеси дека тој веќе не е меѓу нас.

Исуф беше дописник на Радио Слободна Европа од Скопје повеќе од две децении. Јас ја имав честа да соработувам со него на дневна основа повеќе од четири години. Навистина е голема загуба – еден голем пријател и еден новинар кој навистина ја сакаше професијата и работата што ја вршеше со сета душа.
Тој не правеше компромис со фактите, не правеше компромис со вистината, не правеше компромис со фактот дека властите, владите кои и да се тие во одреден период, некогаш повеќе, некогаш помалку, можат да направат неправда.

Единствениот новинар кој никогаш немал љубомора кон ниту еден новинар, тоа бил Исуф Кадриу. И тоа по што беше познат, што кај мене и Сефер било помалку изразено беше неговата толеранција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button