ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Овој Бајрам поскапеа Курбаните

Некои излегоа да купат курбан, некои за сите членови на семејството, но има и такви граѓани кои и покрај големата желба да купат курбан, немаат финансиски средства. Цените варираат, во зависност од големината и тежината на животното.

Advertisements

„Четиристотини евра… Зависи од џебот колку имаме пари… Има и поевтини, 100 евра, 150, 200, 300, во зависност од робата… Традицијата на Курбан бајрам, ова не може да се заборави, бидејќи ова е религиозна радост… Имам седумдесет години… Отсекогаш сум се занимавал со ова“, вели едем продавач.

„Излеговме да купиме курбан, добро е кој има пари, кој нема, не може… кој има пари земаат по 4-5 за цело семејство… Излеговме за 4 курбани“, рече еден од купувачите.

„Скапи цени, но што да се прави затоа што целата роба е скапа…Парите не стигнуваат… Не стигнуваат за курбан оваа година, ако имате пари ќе купите курбан, ако не , нема што да правиш, така рекол Господ”, додава еден од Купувачите.

Празникот Курбан Бајрам е познат и како празник на жртвувањето и ја почитува подготвеноста на божјиот пратеник Ибрахим да го жртвува својот син Исмаил како чин на потчинување на Божјата заповед. Муслиманските верници колат курбан за овој празник секогаш кога е можно, а месото од курбанот се дели на три дела; семејството чува една третина, една третина се дели на роднините, пријателите и соседите, а една третина се дели на сиромашните.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button