ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пад на поддршката за членство во ЕУ, од 90%, сега е 65%

Доцнењето на евроинтегративниот процес несомнено влијае на падот на поддршката за членство во Европската унија, вели државниот советник за европски прашања, Драган Тилев. Тој вели дека ако во минатото поддршката за ЕУ била над 90%, сега оваа бројка паднала на околу 65%. Според Тилев, граѓаните се свесни дека оптимална опција за државата е да продолжи по патот на евроинтеграциите. Но, овој пат, додава тој, зависи од реформите, особено во судството, како и од политичките актери поради уставните измени, за што е неопходен консензус.

Advertisements

Прашан дали недобивањето препорака за одржување на Втората меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел на следниот Самит на ЕУ може да се сфати како неуспех, Тилев одговори дека ситуацијата во случајот со Македонија е многу јасна. Значи, Втората конференција зависи само од уставните измени. Тоа пишуваше и во минатогодишните заклучоци кога беше прифатен францускиот предлог. Сепак, на овој Самит се очекуваат одлуки за зголемување на бројот на земји кои почнуваат преговори за членство.

Под услов партиите во земјава да се договорат за измена на Уставот со ставање на Бугарите, тогаш за да се отвори првата група „Основи“, Скопје ќе треба да подготви Патоказ за реформи во администрацијата и владеењето на правото.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button