ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Пад нови случаи и на починати од Ковид-19 изминатата недела

Минатата недела регистрирани сe 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 27,4 проценти во однос на претходната недела (n=2.504), а процентот на позитивност се движи од 7,8 до 13,8 отсто, просечно 11,6 проценти, соопшти Институтот за јавно здравје.
Според неделниот извештај на ИЈЗ, во периодот од 7 до 13 март, 2022г тестирани се вкупно 15.264 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци, Ресен и Скопје.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=505, 27,8%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=60; 3,3%).
Во однос на претходната недела, се регистрира намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 41,7% во возрасната група од 0-9 години.