Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невремето во Тетово
Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невремето во Тетово

Паднати дрва и поплавени улици и патишта поради невреме кое го зафати Тетово со интензивен дожд и силен ветер после 15 часот и 30 минути и траеше нешто повеќе од еден час. Нема информации за пријавени штети или поврдени.
Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираат дека интервенираат на патот Бродец-Шипковица што е непрооден поради наноси од земја и вода.
Поради силниот ветер падна дрво на улица „Бане Стефановски“ кај Стара градинка, каде има оштетени возила. Дрво има паднато и во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа
И од јавното комунално претпријатие „Шар“ информираат дека нивните работници се ангажирани на тетовските улици кои се поплавени поради интензивниот дожд.
Работна единица „Канализација“, по обилните дождови, за многу кратко и брзо време успеа да ги лоцира клучните места каде што се појавија проблеми со фекалната и атмосферската канализација, соопштија од ЈКП „Шар“.
На местата каде има паднати дрвја, случаите се евидентираат и од стручните служби на полицијата кои вршат увид.