Пајак службата во Тетово со засилени контроли по улиците
Пајак службата во Тетово со засилени контроли по улиците

Нови и построги правила на Градски Паркинг-Тетово, за поголем ред во градот Тетово. Пајак службата ќе ја интензивира работата, кревајќи ги автомобилите кои се паркирани на јавни места, меѓу станбени згради но и на споредни улици, кои не се наменети за паркирање автомобили. Директорот на градското претпријатие за паркирање нагласи дека жителите треба повеќе да соработуваат и да го пријават секој автомобил кој го попречува слободното движење или го блокира паркинг просторот на жителите.
Од ЈП Градски паркинг, се пофалија дека создале околу 300 нови паркинг места, но бојадисувањето на паркинг местата ќе остане за следната година. ЈП Паркинг повторно вети изградба на катни гаражи за следната година, но без да појасни од каде ќе обезбедат средства.
Тетово со години се соочува со хаос во паркирањето на возила, особено во текот на летото, често се случува да ги блокира главните аорти на градот, како резултат на големиот број автомобили споредено со малиот број паркинг места./Alsat.mk
Башким Сулејмани