ВЕСТИСВЕТ

Пакистан изврши одмазднички напади врз цели во Иран, убиени седум лица

Пакистан изврши одмазднички напади на повеќе локации на територијата на Иран, како одговор на нападите на Техеран пред два дена насочени кон позиции во Пакистан кои ѝ припаѓаат, како што се наведува, на сунитска милитантна група, јавуваат светските медиуми.

Advertisements

Станува збор за нов инцидент кој доаѓа по порастот на тензиите меѓу двете соседни земји. Според извештаите, повеќе експлозии одекнале рано утрово во југозападната иранска провинција Систан и Белуџистан, во близина на градот Сараван, соопштил заменик-гувернерот на покраината.

Како што објави Ројтерс, повикувајќи се на претставник на локалните власти, најмалку три жени и четири деца се убиени во пакистанските одмазднички напади. Функционерот додал дека жените и децата не биле ирански државјани.

Властите во Исламабад претходно ги осудија како нелегитимни нападите од страна на Иран извршени во вторникот, предупредувајќи го Техеран на „сериозни последици“. Пакистан, во меѓувреме интервенираше и во дипломатските односи со Иран, отповикувајќи го својот амбасадор во Техеран, а го протера и иранскиот пратеник во Исламабад.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button