СПОРТФУДБАЛ

Палиња стави потпис на четиригодишен договор со Баерн

Германскиот гигант Баерн Минхен успеа да го ангажира португалскиот репрезентативец Жоао Палиња, кој беше желба на клубот уште минатото лето.

Advertisements

Повеќе од една година имаше конкретна релација меѓу раководството на клубот и Палиња, минатиот преоден рок трансферот пропадна поради доцното комплетирање на документацијата, а сега конечно е член на Баерн.

Англискиот премиерлигаш Фулам ќе добие отштета од 50 милиони евра, а Палиња потпиша договор до 30 јуни 2028 година.

„Еден од најсреќните денови во животот, затоа што добив шанса да заиграм за еден од најдобрите клубови во Европа. Едвај чекам да ј почувствувам атмосферата на „Алијанц Арена“ и се надевамн дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Палиња откако стави потпис на четиригодишен договор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button