КОШАРКАСПОРТ

Панатинаикос го декласира Реал Мадрид и ја освои Евролигата

Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турнир во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година.

Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес. Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока.

Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени и осум скока.

Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.

МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои третата титула во Евролигата, претходно по една освои со Олимпијакос и со Фенербахче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button