ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пандемијата го става во втор план мобингот врз вработените

Многу вработени не сакаат да пријават случаи кога работодавачот ги крши нивните права или им врши мобинг, од страв да не ја загубат работата. Иако Законот за заштита од вознемирување на работното место беше донесен во 2013 година, според синдикатите, законот има многу нејаснотии и предизвикува несигурност кај вработените. Бараат конкретни измени во него.

Advertisements

Во текот на 2020 година, Инспекторатот за труд спровел 941 инспекција. Бројот на откриени неправилности е многукратно помал во споредба со 2019 година, односно 52 наспроти 196. Причина за тоа е фактот дека инспекторите биле повеќе фокусирани на контроли за почитување на превентивните мерки за пандемијата отколку на мобингот што се врши врз работниците.

Најголем број неправилности се забележани во текстилната и прехранбената индустрија, во металургијата и преработката на дрво, во трговија на големо и мало, во објектите за домување, административните и помошни услужни дејности, здравствената и социјалната заштита.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button