ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Алсат: Слободата на медиумите не е како што ја прикажува власта

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова ѝ посака среќа на телевизија Алсат во спорот околу сопственоста на дел од имотот, потсетувајќи дека во услови кога довербата на граѓаните во судството е само 8%, најпотребно во судските лавиринти е среќата.

Advertisements

„Го осудувам секој чин со којшто на каков било начин се прави репресија врз одреден медиум. Тоа значи дека слободата на говорот не е таква каква што власта сака да ја претстави. Знам дека на крај разврската на случајот ќе биде во судовите. Знаете каква е моментално довербата во македонското судство, само 8 проценти и ви посакувам среќа оти тоа ви е потребно за лавиринтите коишто следуваат“, рече Панова.

Дел од имотот на телевизијата, купен со чисти документи, Апелација реши да го стави на продажба со образложение дека тој некогаш бил под хипотека.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button