Папата Франциско од болницата одобри декрети за нови кандидати

Папата Франциско и покрај тоа што беше хоспитализиран и во критична состојба, беше доволно добро да се сретне со државниот секретар на Ватикан за да одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација.
Оваа средба се одржа вчера, а декретите беа објавени денеска во дневниот билтен на Светата столица, пренесе АП. Лекарите рекоа дека папата останал во критична состојба поради билатерална пневмонија, но имало „благо подобрување“ во некои лабораториски резултати.
Во текот на денот, Папата продолжи да работи од својата болничка соба, а меѓу неговите активности беше и повикувањето на парохијата во Газа, со која е во контакт од почетокот на војната.
Службите на Ватикан најавија дека секојдневно ќе се одржуваат молитви за закрепнување на папата, а вечерва на плоштадот Свети Петар ќе се одржат првите од серијата вечерни молитвени собири.