МАКЕДОНИЈА
Папата Франциско упати порака со сочувство по трагедијата во Кочани

Преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, папата Франциско изрази сочувство по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, каде што животот го загубија 59 лица, главно млади луѓе.
Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се вели во телеграмата испратена до бискупот скопски Киро Стојанов.