СВЕТ
Папата уште еднаш апелираше за мир поради последните случувања во светот

Папата Франциско денеска го обнови својот апел за мир поради најновите закани за употреба на нуклеарно оружје на глобално ниво.
Тој рече дека во светот, кој е поделен и растргнат од омраза, тензии, војни и закани со нуклеарно оружје, треба да се молиме и да работиме за дијалог, помирување, мир, безбедност и интегрален развој на целото човештво, пренесе агенцијата Анса.
„Денес читаме за оваа последна закана во весниците“, рече Папата коментирајќи ја ситуацијата околу најавата за можна нуклеарна војна.