ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Парче автобуска гума пронајдено на асфалтот кај трагедијата

Парче автобуска гума е пронајдено неколку метри пред местото каде синоќа излетал македонски автобус, при што се запалиле 45 лица, меѓу кои 12 деца, пренесуваат бугарските медиуми.
Тоа упатува на сомнеж дека причина за несреќата би можело да биде пукната гума. Сепак, како што пишуваат локалните медиуми, ќе биде тешко да се докаже дали тоа парче со сигурност е од македонскиот автобус бидејќи сите негови гуми се потполно изгорени.
Медиумите во Бугарија соопштија дека на местото на несреќата е сопственикот на агенцијата „Беса Транс“.
Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ на автопатот Струма кај перникското село Бошнек.