ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Парична помош за најранливите и за пензионерите со најниски пензии

Парична помош за најранливите и за пензионерите со најниски пензии

Најранливите категории граѓани, се во фокусот на новите антикризни мерки на Владата. Премиерот Ковачевски потенцира дека никој нема да биде заборавен и оставен сам да се справува со кризата. Тој сподели, дека со новиов пакет од 350 милиони евра, предвидена е и значителна помош за пензионерите со најниски примања, кои може да очекуваат еднократна помош уште од ноемвриската пензија, ако Собранието го поддржи предлогот.

Advertisements

„Директна финансиска поддршка од вкупно 6 илјади денари во наредните 4 месеци, значи 1.500 денари месечно, има за пензионерите кои земаат до 11.525 денари пензија, а тоа се над 91 илјада и 600 пензионери, наши сограѓани. Воедно, директна финансиска поддршка, односно помош од вкупно 3 илјади денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525 денари до 14 илјади денари, односно над 66 илјади пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра“, рече Димитар Ковачевски – претседател на Владата.

Премиерот додаде дека средства се одвоени и за невработените кои се активни баратели на работа, како и социјалните случаи.

„Обезбедуваме по три илјади денари месечно во наредните 4 месеци или вкупно 12 илјади денари за скоро 42 илјади граѓани. Тука спаѓаат лицата кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право за посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и него од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.„, рече Димитар Ковачевски – претседател на Владата.

Со новиот пакет мерки предвидено е училиштата и образовните институции да станат дел од регулираниот пазар за набавка на струја со што би имале пониски сметки. Исто така се очекува и здравствените установи да имаат поповолна цена за набавка на струја, преку договор со ЕСМ. Што се однесува до микро, малите и средни претпријатија Ковачевски кажа дека за нив ќе има олеснети услови за кредитни линии, но и забрзан поврат на ДДВ до 30 дена. Според него, не е време за финансирање профитабилност, туку е време за финансирање опстанок.

Премиерот уверува дека ќе има струја, греење и храна за целата зима, а мерките се во насока на одржување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.
Говорејќи за високата инфлација и најавите за поскапувања кај мелничарите, Ковачевски рече дека не може да се замрзне цена под трошоците кои тие ги имаат за производство, бидејќи тоа може да доведе до недостиг на храна./Alsat.mk

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button