Паркинг хаос во тетовската болница

Дворот на Клиничката болница во Тетово стана секојдневен кошмар, не само за пациентите, туку и за возилата за итна помош на кои понекогаш им се потребни неколку минути за да го внесат пациентот во клиниката поради лошо паркирани автомобили.
Директорот на Клиничката болница во Тетово Пелумб Вела, за Алсат вели дека има план и вети оти до крајот на летото ќе има или катна гаража или проширување на сегашниот паркинг, но не откри дали веќе има проект.
„Проблемот со паркирањето наскоро ќе биде решен. Разговаравме со релевантното одделение кое е во рамките на Министерството за здравство, дали паркирањето ќе се прави на катови или ќе се прошири сегашниот паркинг, ќе одлучиме заедно. Со уредувањето на паркингот ќе се работи и на асфалтот. Се надевам до крајот на летото“, вели Пелумб Вела, директор на Клиничката болница во Тетово.
Пепромисленото паркирање, дури и блокирањето на возилата на брзата помош не е единствениот проблем што го има тетовската болница. Исто и во дворовите има проблем со огромната штета на инфраструктурата, не само во дворовите, туку и внатре во болницата.
Башким Сулејмани