ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парламентарни избори: Денеска прегласување во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска ќе се прегласува за парламентарните избори 2024. Прегласување во петтата изборна единица ќе се спроведе на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4 521 гласач.

Вчера гласаа болните и немоќните лица, лицата кои се на издржување казна затвор, како и лицата сместени во домовите за вонсемејна грижа, а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори спроведено на 8 мај 2024. Од ДИК информираа дека прегласувањето се одвивало непречено, без пријавени нерегуларности.

Поради повторување на гласањето за парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера ги извести националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој ќе трае денеска до 19 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button