Парламентарни избори на 8 мај, ДУИ ќе добие 100 дена премиер

Политичките партии на денешната лидерска средба одлучија 8 мај да биде ден за двојно гласање, втор круг претседателски и парламентарни избори. Првиот круг од претседателските ќе биде на 24 април. Лидерите се договорија и во наредниот период препораките на ОБСЕ-ОДИХР да бидат вклучени во Изборниот законик. На оваа средба немаше договор за укинување на моделот на техничка влада, како што бараше ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се почитува договорот меѓу СДСМ и ДУИ, што значи 100-дневен премиер по предлог на партијата на Ахмети.
Албанската опозиција револтирана предвреме ја напушти средбата. Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши побарале да имаат член во ДИК, но според нив, првиот човек на Собранието Талат Џафери ја напуштил средбата по ова нивно барање. Тие го обвинуваат Џафери за намерно попречување на процесот.
„Прво, ако излеземе на избори со некомплетна ДИК тоа ќе биде изговор, прекршување на законот и тенденција за фалсификување на изборите. Ќе бараме да се примени законот, штом заврши процедурата и заврши ДИК бидејќи тоа ќе биде придонес за фер и демократски избори“, рече Меџити.
Првиот човек на ВМРО Мицкоски рече дека средбата докажала оти веќе нема услови за уставни измени.
Фатлуме Дервиши