ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парламентарното мнозинство го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на рокот за пасошите

Парламентарното мнозинство го отфрли предлогот на ВМРО за продолжување на рокот за пасош до 31 декември годинава. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, ги обвини пратениците на ДУИ и СДСМ, дека ја влошуваат состојбата со пасошите.

Advertisements

За мнозинството, предлогот е спротивен на Уставот и меѓународните договори.

Делегацијата на ЕУ во земјава соопшти дека признавањето на пасошите со старото име на државата е работа на секоја држава поединечно. Оттаму подвлекоа дека земјата треба да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучително и одредбите од Преспанскиот договор поврзани со смената на пасоши.

Делегација на ЕУ во Скопје:

„Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и обврските за промена на пасошите кои се дел од Договорот од Преспа. Ве потсетуваме дека признавањето на патни документи издадени од трети земји е одговорност на секоја земја-членка одделно.“

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за продолжување на рокот за пасоши беше доставен истиот ден кога пратениците го одобрија продолжувањето на рокот за возачка дозвола. На 12 февруари истече рокот за пасошите, а голем број граѓаните се уште не извадија нови патни исправи.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button