ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парламентарното мнозинство поднесе интерпелација за петте членови на Судскиот совет избрани во Собранието

Парламентарното мнозинство поднесе интерпелација за петте членови на Судскиот совет избрани во Собранието

Пратениците на парламентарното мнозинство ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска поднесоа интерпелација за работата на петте членови на Судскиот совет што ги избра Собранието, а тоа се Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Милазим Мустафа, Тања Цацарова Илиевска и Весна Дамева. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека треба да има одговорност за членовите на Советот, а откако ќе се изгласа интерпелацијата ќе се види понатамошното постапување на Советот.

Advertisements

Коалицијата ВЛЕН нагласува дека сегашниот состав на Судскиот совет нема морален кредибилитет и мора да одговара за тоа.

„Мораме да бидеме внимателни кога интервенираме во правосудниот систем, но несомнено и претходно нагласивме, сега потенцираме дека Судскиот совет како највисок орган на правосудниот систем, кој избира судии, именува и разрешува судии, е орган кој, за жал на нашето општество, ги развива секојдневните политики на одредени политички субјекти. Овој Судски совет со овие членови нема одреден морален кредибилитет, го нема одреден судски интегритет да ја врши својата функција“, рече Фатмир Сабриу, ВЛЕН.

Левица изразува скептицизам за политичките мотиви за реформите во Судскиот совет, притоа предупредувајќи дека ќе го преиспитаат гласањето за интерпелација.

Од СДСМ и претходно потенцираа дека за реформи во Судскиот совет е потребен натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи по европски стандарди. Како што нагласи Венко Филипче, неопходно е да се формира заедничка работна група во Собранието, која ќе ги дефинира и заеднички ќе ги спроведе реформите.

Гласањето на интерпелацијата не значи автоматски разрешување на членовите, бидејќи според Законот за Судски совет, на членовите на советот во некои случаи може да им престане мандатот. Дури и самите да го побараат тоа, ако бидат разрешени од функцијата судија или ако се осудени со правосилна пресуда за кривично дело службена должност и овластување. Основа за престанок на мандатот е и доколку се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и ако лицето е избрано на друга функција или професија. Гласањето со интерпелација се смета за механизам за притисок за да се принудат самите членови да поднесат оставки. /Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button