ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парламентарното мнозинство со подршка од ДУИ ги изгласа законските измени за реорганизација на министерствата

Парламентарното мнозинство со подршка од ДУИ ги изгласа законските измени за реорганизација на министерствата

Со 88 гласа „за“ и 22 „против“ околу 3 часот наутро пратениците го изгласаа законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој се предвидува реорганизација на Владата.
За законот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, но и ДУИ од Европскиот фронт, кои иако првично не го поддржаа, по средбата со претставници на ВМРО се премислија. Против законот гласаа пратениците на Алијансата за Албанците, кои се дел од Европскиот фронт.
Против гласаа пратениците на СДСМ и Левица, кои истакнаа дека се против тоа законот да се носи по скратена постапка, а нема податоци за финансиските импликации од истиот. Димитар Ковачевски рече дека се работи за политички мотиви , за политички пазар, а не за зголемување на ефикасноста на министерствата.

“Јасно е дека ова е второ, односно овој процес на реорганизација е мотивиран само од политички мотиви, политичко договарање и коалицирање”, рече Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека усвојувањето на законот овозможува рационализација и транспарентност на институциите.

Донесувањето на законот го отвора патот на актуелниот претседател Христијан Мицкоски да ги забрза процедурите за формирање на Владата. Според најавите, се очекува формирање влада пред празникот Курбан Бајрам. Дотогаш, Мицкоски во Собранието мора да ја достави програмата и имињата на новиот владин состав./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button