ВЕСТИРЕГИОН

Парламентарното собрание на НАТО одобри унапредување на статусот на Косово

Парламентарното собрание на НАТО во понеделник (27 мај) ја одобри препораката за унапредување на статусот на Косово од членка набљудувач во придружна членка.

На седницата на Собранието што се одржа во Софија, Бугарија, мнозинството земји гласаа „за“, една земја беше „против“, а 14 други земји беа воздржани.

Делегацијата на српскиот парламент пред неколку дена со писмо побара да не се подобрува статусот на Косово.

Парламентарното собрание на НАТО е институционално одвоено од Алијансата, но служи како важна врска помеѓу тој воен сојуз и парламентите на земјите-членки. Се состои од 281 делегат од сите 32 земји-членки на НАТО. Покрај нив, во нејзините активности учествуваат делегати од девет асоцијативни земји, четири асоцијативни медитерански земји, како и осум парламентарни набљудувачки делегации.

Придружните членки – она што Косово сака да го постигне – можат да презентираат резолуции и да поднесуваат амандмани на резолуциите. Тие можат да служат и како специјални известувачи во комисиите за да ги претстават своите перспективи во извештаите на Парламентарното собрание на НАТО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button