Парламентот денес дебатира за интерпелацијата против министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица
Парламентот денес дебатира за интерпелацијата против министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица

За втор пат во неговиот мандат, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се брани пред пратениците во дебатата за интерпелацијата против него. Иницијативата на Левица се базира главно на постапките кои доведоа до трагедијата во Кочани и управувањето на полицијата со истрагата по трагедијата. Левицa го обвини Тошковски за селективна истрага, пропусти во функционирањето на дискотеката “Пулс”, за користење наркотични супстанции и пиротехнички средства за време на трагичната вечер. Тошковски ги одби обвиненијата за селективни дејствија, споредувајќи ја истрагата со претходните трагедии.
Тошковски категорично ги негираше обвиненијата дека полициските службеници не ја извршиле својата работа таа ноќ, како и дека министерството поднесло кривични пријави за отпор за време на протестите во Кочани и за притисоци врз активистите на опозицијата.
Левица му ја префрли одговорноста на Тошковски и за меѓуетничките инциденти во ноември кои кулминираа со паљење на знамиња, но и за други прашања кои се однесуваат на јавната безбедност. Од СДСМ ја поддржуваат интерпелацијата. Според нив, лица блиски до власта претставуваат опасност за безбедноста во сообраќајот и не одговараат пред закон. Тошковски изјави дека сите оние кои го прекршиле законот ќе одговараат.
Имајќи ги предвид бројкиѕте на владејачкото мнозинство, не се очекува интерпелацијата да помине.
Пред неколку месеци не успеа уште една интерпелација против Тошковски и неколку други министри, поднесени од Европскиот фронт./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши